Пред инфективно во Гостивар се подготвува мобилна амбуланта за тријажа на пациенти

Откако почна да расте бројот на заразени со коронавирус на гостиварското подрачје, болницата во Гостивар се организира за евентуален наплив на пациенти. Пред инфективното одделение денес Дирекцијата за заштита и спасување монтираше шатор, кој ќе се опреми да служи како мобилна амбуланта за тријажа на пациенти. Целта е да се намалат гужвите на инфективното одделение.

За тоа како поточно ќе се одвива работата овде, екипата на Тв Кис/Менада поразговара со раководителот на инфективното одделение, д-р Ратко Наумоски.

„Овој шатор е поставен со цел да се направи тријажа на пациентите, значи секој пациент што ќе биде пратен на инфективно од матичен лекар најпрво овде ќе биде примен од лекар специјалист, и според тоа што ќе биде утврдено, пациентот птоа ќе се однесе дали на инфективно или на друго одделение. Исто така, ние како лекари ќе предложиме овде на пациентите што доаѓаат да им се земе по потреба и ковид тест, тоа секако ќе оди преку епидемиолошките служби. Во случај ако го пратат кај нас, како сомнителен, додека се чека резултат од брисот ќе биде во соба предвидена за сомнителни случаи. Ние инфектолозите баравме да има таква амбуланта, затоа што сега сите матични лекари од страв ги препраќаат пациентите кај нас, на инфективно. А на ваков начин, точно ќе се знае како и каде треба да се третираат пациентите.“, рече тој.

Моментално на инфективно во Гостивар се згрижени 11 пациенти со Ковид и сите се во стабилна здравствена состојба. Утрово од одделението биле испишани три лица.

error: Content is protected !!