Презентација на средните училишта пред тетовските полуматуранти

Денес полуматурантите од Тетово и тетовско имаа можност во рамки на Отворениот ден на средните училишта, организиран на тетовскиот плоштад, да се запознаат со наставните програми за идната учебна година. Настанот го посети и тетовскиот градоначалник.