Прекината свадба во Тетово, приведен сопственикот на угостителскиот објект


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

За неносење заштитна маска, пак, казнети 77 лица.

Вчера во 16 часот и 10 минути, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на 35-годишник од Тетово.При контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости.

Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот бил лишен од слобода и задржан полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За неносење заштитни маски, пак, во текот на изминатото деноноќие биле казнети 77 лицa, односно на 38 во тетовско и на 39 во гостиварско изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Во овој период на 19 лица на тетовското и на 25 на гостиварското пограчје издадени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на 246 лица со вакви решенија во тетовско и 144 во гостиварско и при тоа не било констатирано непочитување на решенијата.