Прекината седницата на Советот на Општина Тетово

По повеќе од два месеци пауза поради пандемијата со КОВИД 19 советниците се вратија во салата на Општина Тетово. Но седницата се одолжи со жестока расправија уште пред да се усвои записникот од минатата седница.

Опозиционите советници реагираа зошто во дневниот ред не е вметната предлог одлука со мерки за заштита на населението и фирмите погодени од КОВИД 19.    

-Очигледно на мнозинството на советот му се приоритет точки за усвојување на деталните урбанистички планови, кои предвидуваат бетонирање на градот, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Александар Велјановски.

Деветата и десетата точка од дневиот ред предвидуваат долж булеварот Индустирска да се изградат 20 станбени објекти. Но двете точки не беа усвоени, а не беше прифатена ниту предлог точката за донесување на мерки за КОВИД 19. Седницата беше прекината, откако сите советници не се вратија по паузата за координација.

Претседавачот на советот Беким Мемети, рече дека барањето на опозиционите советници ќе се рагледува и прифати на една од наредните седници. -За да се донесат мерки за заштита на населението и фирмите погодени од КОВИД 19 треба најпрвин да се побара финансиска анализа од општината со какви капацитети располага за помош на фирмите погодени од коронавирусот, рече Беким Мемети.

Тетово последниве неколку недели е едно од најголемите жаришта на КОВИД 19. И денеска има евидинтарно нови 3 случаи, но на првата седница наместо дневен ред со мерки за заштита од заразата, имаше предлог одлуки за бетонирање и урбанизација на градот, но и легализација на дивоградби.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!