Преку локални совети за превенција до поголема безбедност на граѓаните

Најоптимални решенија за спречување на последиците од несакани дејства, пред се од насилниот екстремизам се локалните совети за превенција, беше посочено на работна средба за размена на најдобри практики меѓу претставниците на локалната самоуправа, со цел развивање на ефективни активности.

На работната средба, Општина Куманово беше посочена како позитивен пример, во поглед на превенирање на несакани последици преку Локалниот совет за превенција.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, истакна дека имале неколку успешни активности за спречување на насилства меѓу млади, но и насилства од етничка и верска природа.

На работната средба присуствуваше градоначалничката на Тетово Теута Арифи, која кажа дека и Локалниот совет за превенција на Општина Тетово функционира, но истиот треба да биде поактивен.     

Главна цел на локалните совети за превенција е врзување и соработка на институциите, со цел заштита на граѓаните од аспект на нивна безбедност и навремено превенирање на несакани дејства.

error: Content is protected !!