Премиера на „Вај-Фај“ пред тетовската публика

Во големата сала на Центарот за култура Иљо Антески Смок се одржа премиерата на „Вај-Фај“ на тетовското Драмско студио. Современа драма која ги опишува времињата кои ги живееме, исполнета со многу хумор, но и сцени кои предизвикаа доза тажни емоции.

Силни аплаузи, гласна смеа, но и испреплетени емоции со чувство на тага, по одличната актерска игра на премиерата на „Вај Фај“ на Драмското судио од Тетово. Темата на претставата е дел од нашето секојдневие, кога останува само комуникацијата преку интернет на родителите со децата кои заминале во странство. Премиерата ја наполни салата во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“.

Актерите задоволни од премиерата, зашто ја постигнале нивната цел а тоа е да приредат уживање за публиката.

Ова е втора претстава на Драмското студио од Тетово оваа година, која ќе се репризира доколку публиката побара. Монодрамата Иконија, пардон Матмазел Ика, пак, на 1 јуни ќе се игра во Драмски театар во Скопје. 

Данијела Билбилоска