Премиерно одиграна претставата „Црвенкапа“

Најмладата публика вчера на театарската сцена во Центарот за култура во Тетово, имаше можност премиерно да ја погледне детската претстава „Црвенкапа“ одиграна од членовите на Летечката театарска трупа од Тетово. Претставата несомнено предизивика лавина позитивни реакции кај присутната публика надополнети со силното воодушевување кај дечињата. Приказната за Црвенкапа ретко кое дете не ја знае, а претставата меѓу другото како што истакнува режисерот Зоран Јованоски, имаше за цел кај децата преку театарската глума да им пренесе неколку клучни сознанија за животот.

Актерите на сцената вешто ги одиграа своите улоги пренесувајќи ја мошне автентично приказната за Црвенкапа, а токму за сe’ да изгледа беспрекорно и публиката да ужива во уште едно драмско дело, биле потребни 8 месеци подготовка, вели режисерот Јованоски. 

Впечатоците беа големи и кај актерите кои пред нашата камера не го криеја задоволството по одиграната претстава.

По претставата „Црвенкапа“ , Летечката театарска трупа следната недела на 18-ти април со почеток од 19 часот во Центарот за култура во Тетово ќе ја одигра претставата „Пепелашка“ во режија на Владимир Јованоски.

Ивана Серафимовска