Премиерно прикажан документарен филм за 124 години театар во Тетово „Талија“

Тетовските актери од повозрасната генерација сведочат дека пред многу години сами ја создавале театарската сцена, носеле облека од дома, за разлика од сега кога сето тоа е многу полесно и модернизирано. Младите актери, иако како аматери, ја продолжуваат традицијата, па така создаваат врвни тетарски претстави во кои ужива публиката. Токму за 124-те години театарскиот живот во Тетово, говори документарниот филм “Талија”, кој синоќа доживеа гала премиера пред тетовската публика.

Во него 50-мина театролози, актери и историчари говорат за театарските случувања во градот, визуелно збогатени преку фотографии и видео снимки.

Режисерот Саше Серафимовски вели дека овој филм e создаден за да остават траен документ во дигитална форма.

Освен филмот, обемниот материјалот кој е снимен ќе биде искористен за изработка на документарна серија во 4 дела. Режисерската екипа најавува дека оваа тетарска приказна за Тетово, ќе ја погледнат и во други градови во земјава и во регионот, а со неа планираат да конкурираат и на фестивали.

Данијела Билбилоска