Премиерот Спасовски и градоначалникот на Боговиње Џемаили очекуваат решавање на проблемот со водата за пиење за село Синичане

 Премиерот Спасовски и градоначалникот на Боговиње Џемаили очекуваат решавање на проблемот со водата за пиење за село Синичане.

Преставници на Владата, градоначалникот на Боговиње и мештаните од село Урвич и Синичане остварија средба во Владата во врска со проблемот кој настана околу изградбата на водоводот за село Синичане. Учесниците на средбата заклучиле дека имаат заедничка согласност и определба за ефикасно правно дејствување за надминување на ситуацијата.

Градоначалникот на Боговиње Албон Џемаили, очекува позитивен одговор и конечно давање зелено светло за продолжување на изградбата на водоводот за село Синичане, оти средбата во владата била позитивна.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, вели дека се работи на трајно решение на проблемот.

 „Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика. Владата е определена да најде решение и за актуелниот проблем со пристапноста до питка вода на жителите од село Синичане и за изнаоѓање трајно решение за снабдувањето со вода на селата во општината Боговиње. Ќе ги разгледаме правните и законски можности за ефикасно дејствување и во отворен дијалог со засегнатите жители, каков што е денешниот состанок“, рече премиерот Спасовски.

Џемаили вели дека за него не преставува ништо кривичната пријава која му ја поднесе СВР Тетово. Најважно е мештаните од Синичане да добијат чиста вода за пиење.

Мештаните од Синичане се уште стојат кај изворот над нивното село каде пред околу еден месец започнаа градежни активности за изградба на водовод. Но работите за неколку дена беа запрени од страна на полицијата, чии специјални еидници се уште го обезбедуваат местото

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!