Преполни контејнери со купишта отпад кај православните гробишта во Тетово

Преполни контејнери со купишта отпад околу нив е сликата на горниот влез на православните гробишта и објектот на капелата во Тетово. Жителите велат дека ова е секојдневна глетка, а проблемот станува посериозен, затоа што на високите температури се шири неподнослива миризба, па стравуваат од ширење заразни болести.

Жителите бараат поголема ажурност на инспекциските служби.

Од локалната самоуправа, пак, велат дека има казни и ги повикуваат граѓаните да пријавуваат лица кои фрлаат ѓубре на несоодветна локација.

Инаку, ова не е единствената локација на која се создава мала дива депонија. Тетово со години се соочува со проблеми со комуналниот отпад, особено во летниот период кога се зголемува и количината на сметот во градот со доаѓањето на печалбарите.  

Данијела Билбилска