Препораки за заштита од летните горештини
Високите температури карактеристични за овој период од годината често предизвикуваат дехридратација на организмот, па затоа докторите потенцираат дека од голема важност е каква храна внесуваме секојдневно. Овошјето и зеленчукот се вистинскиот избор во случај кога телото се соочува со недостаток на течности. Освен овошје и зеленчук, лекарите препорачуваат да се консумира полесна храна без маснотии и интегрални жита кои се богати со нутриенти и витамини.
Високите температури секоја година влијаат врз здравјето на луѓето, па така тие може да поттикнат исцрпеност и топлотен удар како и да ја влошат веќе лошата здравствена состојба, па поради тоа се препорачува да се придржуваме кон неколку превентивни совети.
Лекарите апелираат граѓаните покрај со храната и пијалаците коишто ги консумираат и при изложување на сонце, особено внимателни да бидат и додека престојуваат во природа.
Ивана Серафимовска