Прес конференција на градоначаникот на Тетово Биљал Касами

Општина Тетово поднесе кривична пријава против поранешната градоначалничка, функционер, судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положби, со што е оштетен општинскиот буџет во износ од 68 милиони денари. На прес конференција градоначаникот Биљал Касами, објасни дека се работи за случај на експропријација кој датира од 80-тите години, кога вредноста била 3 милиони денари, а повторно бил активиран во 2015 година, кога е пресметана камата. Касами се сомнева дека претходното раководство намерно не го обжалило.

            Касами рече дека за овој случај,  од добивањето на мандатот само за камати платиле над 29 милиони денари. Тој побара Јавното обвинителство да го истражи случајот и да се надомести штетата.

            Општина Тетово е една од најзадолжените општини и со блокирана сметка. Сегашната локална власт наследи долг од над 24 милиони евра.

Данијела Билбилоска