Прес конференција на претседателот на Партијата за целосна еманципација на ромите, Самка Ибраимовски
Претседателот на партијата за целосна еманципација на ромите во Македонија, Самка Ибраимовски, честитајќи го 8-ми април – Меѓународниот ден на ромите, на актуелната власт и’ порача дека на вчерашниот настан за одбележување на празникот со тоа што не ги поканиле како политичари од ромска националност го рушиле нивниот углед додавајќи дека на нивно место присуствувале претставници на невладини организации кои на грбот на ромите заработиле вртоглави суми на пари. Ибраимовски најави и протест поради дискриминацијата што ја добиваат ромите.