Претоварната станица за смет во Тетово работи без стандарди

Претоварната станица за комунален отпад која лани беше дислоцирана вo атарот на село Фалише, работи без стандарди. Сметот собран од домаќинствата пред да се однесе во депонијата Дрисла се истура на земја, наместо во системот за претовар, кој се уште не е поставен на оваа локација.

Од Општина Тетово одлучија претоварната станица која функционираше повеќе од една година кај тетовски Требош да се премести во атарот на село Фалише.

Но, таму системот за претовар не се постави, па сега веќе половина година отпадот пред да се однесе  во скопската депонија Дрисла се истура на земја .

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, решението на проблемот со комуналниот смет го гледа во стандардизирање на депонијата Русино гостиварско, која ќе ја користат сите општини од полошкиот регион.

Проектот стандардизирање на депонијата Русино финансиски го помага Швајцарската влада. Со реализација на истиот, се очекува да се реши проблемот со комуналниот смет,  кој ги засега сите  општини од полошко.    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Powered by Live Score & Live Score App