Претседателот на СДСМ Зоран Заев во посета на Здружението на пензионери

Претседателот на СДСМ Зоран Заев при посетата на Тетово коментираше дел од актулените политички случувања во земјава.

Одговори дека е оптимист оти законот за СЈО ќе се донесе со двотретинско мнозинство во Собранието, како одговорност од пратениците кон Европската Унија и нашите стремежи да бидеме дел од ова семејство.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев при денешната посета на Тетово, оствари средба и со тетовските пензионери во Здружението на пензионери, каде кажа дека владата на СДСМ прави витински реформи за оваа категорија граѓани и најави неколку нови мерки кои треба да се спроведат.

Тој даде коментар и околу одоловлекувањето на постапката за прогласување на Шара за Национален парк, процес кој како што рече треба да ги задоволи сите страни, државата граѓаните, но и локалното население кое живее на ова подрачје.

Затоа и овој процес оди бавно и внимателно, со цел да се искористат сите бенефити на Шара , а воедно да се внимава и на нејзините природни вредности преку прогласување за Национален парк, рече Заев.

error: Content is protected !!