Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности вчера распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово.
Согласно Решението што го донесе Џафери врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година.
На вчерашната седница на Државната изборна комисија ги утврди роковите за извршување на сите изборни дејствија.
На владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.
Данијела Билбилоска