Приведени двајца сопственици чии угостителски објекти работеле по дозволеното време

За неносење маска казнети 81 лице, а две лица не ги почитувале решенијата за изолација.

Два угостителски објекти во тетовско-гостиварскиот регион вчеравечер се времено затворени од Државниот пазарен инспекторат бидејќи работеле по дозволеното време.

Во тетовски Челопек, околу 21 часот и 45 минути, полицијата лишила од слобода 31-годишник од ова село, чиј угостителски објект без фирма работел по дозволеното време и во него престојувале 17 гости. Објектот времено e затворен од Државниот пазарен инспекторат, а две лица кои биле затекнати во објектот се приведени за неносење на документи за идентификација и против истите ќе следуваат поднесоци.

Предходно, околу 20 часот и 20 минути, приведен е и 47-годишник од гостиварски Добридол, затоа што неговиот угостителски објект работел по дозволеното време и во објектот престојувале гости.

Двајцата сопственици се задржани во полициските станици и по документирање на случаите ќе им биде изготвен поднесок согласно член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

56 лица во тетовско и 25 во гостиварско се казнети за неносење заштитна маска, додека при извршените контроли на лица со решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, било констатирано дека две лица на возраст од 25 и 27 години од тетовско Ново Село не ги почитувале истите.

Во полицискиот билтен на СВР Тетово и информација дека вчера во Тетово било пронајдено патничко моторно возило „фолксфаген голф 4“ со тетовски регистарски ознаки, кое на први овој месец во Тетово било пријавено за одземено. Возилото било незаклучено со клучевите во брава и по извршениот увид вратено му е на сопственикот.

Вчера 38-годишник од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

При вчерашната засилена контрола, откриени и законски санкционирани се 7 возачи (ТЕ-6 и ГВ-1) кои управувале под дејство на алкохол и веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи. Во овие активности, исто така, откриени се и 31 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-20).