Приведени две лица за серија кражби
Приведени двајца државјани од Албанија, поради сомнение дека извршиле тешки кражби во регионот на Врапчиште.
Вчеравечер во Неготино, Полошко, полицијата лишила од слобода 20-годишник и 22-годишничка, двајцата од Република Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.
При претресот реализиран со судска наредба, во просториите во кои престојувале албанските државјани, биле пронајдени и со потврда одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.
Двајцата албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар. Се расчистува и документира случајот и против нив ќе им биде изготвен соодветен поднесок со кој ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.