Приведен косовски државјанин во Тетово кој нелегално престојувал во земјава

Вчеравечер околу 23 часот, во Блок 82 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово привеле 33 годишен косовски државјанин кој илегално влегол во Република Северна Македонија и непријавено престојувал на подрачјето. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Вчеравечер околу 23 чaсот и 50 минути, полициски службеници лишиле од слобода 38годишник од тетовски Копачиндол и 32-годишничка од Струга, кои претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, со тврд предмет нападнале 35-годишен тетовец. Двајцата пријавени се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот и ќе им биде изготвен поднесок.

Ноќеска половина час по полноќ, 31 годишник од Тетово пријавил дека во угостителски објект во тетовско Јегуновце бил физички нападнат од 42годишник од тетовско Сараќино.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчеравечер околу 23 часот и 35 минути, полициски службеници на -Одделението за внатрешни работи Гостивар привеле 28годишник од Скопје, бидејќи додека вршеле службени дејствија, кон нив се однесувал агресивно.Се расчистува и документира случајот.

Вчера исто така во 11 часот и 20 минути, 40годишник од тетовска Голема Речица пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од лице од тетовско Ларце.Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.

Во текот на вчерашниот ден исто така, во 13 часот, 63годишник од Тетово пријавил дека на улица „Јане Сандански“ во Тетово бил каснат од куче-бездомник.

error: Content is protected !!