Приведен 22-годишник кој агресивно се однесувал во гостиварската болница

Непосредно пред тоа, во болницата бил донесен неговиот татко за укажување на лекарска помош.

22-годишник од гостиварско село вчеравечер бил приведен бидејќи се однесувал агресивно и се обидел физички да се пресмета со вработени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Непосредно пред тоа, во болницата бил донесен неговиот татко за укажување на лекарска помош, откако бил повреден во сообраќајна незгода, кој според пријавеното, во меѓувреме физички нападнал вработена во болницата.

46-годишен мотоциклист повреден во сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило управувано од 27-годишен гостиварец. Незгодата се случила вчеравечер на крстосницата на улиците „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ во Гостивар. Повредениот мотоциклист е пренесен во гостиварската Општа болница за укажување на лекарска помош.

26-годишна жителка на гостиварско село вчера во СВР Тетово пријавила дека во периодот од октомври минатата година досега, 28-годишник од гостиварско село, со кого била во љубовна врска, во повеќе наврати, со закана, ѝ изнудил поголема сума парични средства. Пријавениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

Вчера вработен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“, во СВР Тетово пријавил дека при преглед на затвореник од Гостивар, кој се вратил од викенд, му била пронајдена марихуана.

Од полицијата информираат дека вчера за неносење заштитни маски казнети се вкупно 73 лицa (ТЕ-48 и ГВ-25). Во овој период на 65 лицa во Тетово и 58 во Гостивар изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а при извршените контроли на лица со вакви решенија не било утврдено непочитување.

error: Content is protected !!