Припадничките на понежниот пол не се откажаа од прославата 8-ми Март

И покрај пандемијата на социјалните мрежи може да се забележи дека се славело во угостителските објекти. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека можат да постапат само истото е забележано на терен и дека инспекциите се континуирани без разлика дали е на празник или не. 

Здравствените ковид протоколи не ги спречија дел од жените ја продолжат традицијата да се седне во угостителски објект со пријателките и колешките по повод 8-ми Март. Особено помладите, фотографиите од ваквите средби ги споделија на социјалните мрежи, каде може да се забележи присуство и на повеќе лица на една маса. Годинава неизостана и купувањето порадоци. Можат да се забелажат и гужвите на пазарите.

 Граѓаните велат дека младите се тие коишто се поопуштени, додека постарите повеќе внимаваат.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека не можат да постапат според фотографии доколку не се поклопи истото на терен, но секако тие се секогаш на терен без разлика дали се работи за празник или не. Дека поединци не ги почитуваат протоколите покажува и бројката од над 40 прекршувања во последните два месеци.

Инаку поради пандемијата и дел од туристичките агенции ги откажаа осмомартовските патувања. Во телефонски разговор ни кажаа дека оваа година побарувачката била помала, но дополнително финансиски трошок за клиентите претставувало и ПЦР тестот кој е задолжителен за некои земји. Дел од агенциите, пак, организирале екскурзии до соседните земји каде не се бара трест за ковид.