Пријавени измама и физички напад во Гостивар

35 годишен гостиварец вчера во Полициската станица Гостивар, пријавил дека бил измамен од лице на кое му дало 8.000 евра за купување стан. Според пријавеното, случајот датира од 2017-та година, кога познаник на гостиварецот го повикал кај него за со друго лице да се договорат за купување на стан, во склоп на хотел во Струга. Гостиварецот се сретнал со посоченото лице и се договориле да го купи станот за цена од 8.000 евра. Сумата му ја исплатил во два наврати, а добил и клучеви наводно од станот што го купува. Кога отишол во хотелот во Струга, гостиварецот бил известен дека лицето на кое му дало пари не поседува стан, а му било дозволено тоа и да го провери. По повторна средба и разговор со лицето на кое му ги дало парите, гостиварецот дознал дека бил измамен и го пријавил случајот, Полицијата соопшти дека презема мерки за негово расчистување.

МВР информира и за пријава за физички напад во Гостивар. Вчера попладне 64 годишно лице, вработено како лекар во гостиварската болница, пријавило дека во Ургентен центар Гостивар бил физички нападнат од 44 годишен колега, лекар во Ургентен. Сочинет е записник за констатиран прекршок и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

error: Content is protected !!