Пријавено нарушување на јавниот ред и мир при акција на инспектори денес на тетовскиот пазар

Во СВР Тетово вчера се пријавени тепачки помеѓу малолетници и семејно насилство.

При акција на Државниот пазарен инспекторат на тетовскиот Зелен пазар, каде нелегално се продавале цигари и друга стока, се случило нарушување на јавниот ред и мир. Според очевидци продавачите се спротивставиле на акцијата и од овластените лица побарале легитимација, а кога инспекторите ги одземале цигарите настанала вербална расправија и турканица. Од полицијата случајот го евидентираат како нарушување на јавниот ред и мир без повредени лица и информираат дека работат на негово расветлување.

36-годишна жителка на гостиварски Балиндол во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син, одејќи во основно училиште во Гостивар со уште двајца негови другари, бил пресретнат и физички нападнат од неколку ученици од средно училиште. Во нападот тие користеле и тврди предмети.

Вчера исто така, 17-годишник од Гостивар, во присуство на неговата мајка, во СВР Тетово пријавил дека на голем одмор, на кејот на реката Вардар во Гостивар, физички бил нападнат од ученик во друго гостиварско средно училиште од  Врапчиште.

48-годишник од гостиварско Чајле во СВР Тетово пријавил дека во угостителски објект во селото физички бил нападнат од негов соселанец.

50-годишна тетовка, пак, пријавила дека физички била малтретирана од нејзиниот 57-годишен сопруг, кој и се заканил по животот, нанесувајќи и повреди. Пријавениот, набрзо е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

error: Content is protected !!