Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог

Поплавата во Тетово во 2015 година со загуба на човечки животи и голема материјална штета откри слабости на системот за управување со поплави во земјава. Негова промена преку развој на интегриран и софистициран пристап во справувањето со поплавите и друг вид катастрофи се предвидува со Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог, финансирана од Швајцарската влада.

*изјава ВЕРОНИК УЛМАН, АМБАСАДОРКА НА ШВАЈЦАРИЈА

„Катастрофата од 2015 беше повик за будење на сите нас, а Швајцарија одлучи да ги здружи силите со националните и локалните власти за да создаде сеопфатен систем кој ќе му помогне на регионот да ја зголеми својата соодветност и подобро да ги предвиди подготви и управува со идните природни катастрофи. Ако сакаме да спречиме да се случи уште една трагедија, треба да ги здружиме силите и да преземеме одговорност како граѓани, општини, влади, приватниот сектор и донаторката заедница“, изјави Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарија.

Реализацијата на програмата започна со чистење и санација на речното корито на Боговињска река, а ќе продолжи и на други критични точки.

Програмата за подобрување на отпорноста кон поплави во Полог, вредна 12 милиони швајцарски франци се спроведува во девет општини.

Данијела Билбилоска