Продолжение на 4-тата Седница на Советот на Општина Тетово

Поради обемниот дневен ред, денес се одржа продолжение на 4-тата редовна Седница на Советот на Општина Тетово. На неа беа усвоени програмите кои се однесуваат на активностите за идната година во областа на спортот и социјалната заштита, Предлог-програмата за економски развој.

„Оваa седница беше продолжението на 4-та седница на која точка на дневен ред ги имавме и програмите, кои беа вградени во буџетот, бидејќи пред два дена не успеавме да ја завршиме седницата. Програмите за кои се разговараше главно беа дел од секторот на комунални дејности и на секторот за јавни дејнсти.“, рече Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

Дополнителната точка која се однесува на урбаната опрема предизвика дебата помеѓу советниците, кои побараа решение за тезгите поставени на тротоарите на Женскиот пазар во населбата Горна Чаршија. Беше усвоена и предлог-програмата за кучињата скитници.

Како дополнителна точка беше усвоена и Предлог програмата за дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Тетово во 2022 година.