Продолжен рокот за електронска достава на сугестии за подобрување на Планот за управување со животна средина на проектот

Поради прогласената вонредна состојба во државата, рокот за доставување на коментари и сугестии за подобрување на Планот за управување со животна средина на проектот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог” Центарот за развој на Полошкиот плански регион Тетово го продолжи до 24-ти Април 2020 г.  Истите треба да се испраќаат исклучиво по електронски пат нa следните е-маил адреси: ljubomir.petkovski@lrcp.org.mk и/или info@rdcpolog.mk

Со проектот е предвидена реконструкција на патот од Старо Село до планинарскиот дом Љуботен и од Јегуновце до планинарскиот дом Цер. Во однос на подобрување на јавната чистота на Попова Шапка ќе се набават контејнери, како и возила за собирање отпад, а планирана е изградба на настрешница за паркирање на истите, воедно ќе се регулира планинарската инфраструктура на Шар Планина и нивна дигитализација. Се планира воспоставување Ситуациски кризен центар со систем за набљудување и рано предупредување на Попова Шапка.

Во рамки на проектот предвидена е реконструкција на планинарскиот дом Љуботен, како и воспоставување Регионален систем за менаџирање со информации од туризам во Полошкиот регион.

Центарот во рамките на апликацијата, подготви План за управување со животната средина за проектот со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности, кои има достапна електронска верзија.

https://rdcpolog.mk/ http://tourismmacedonia.gov.mk/ https://lrcp.mk/mk/

error: Content is protected !!