Продолжи реконструкцијата на патиштата во општина Јегуновце


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Со олабавувањето на мерките, продолжија градежните активности во населените места во општина Јегуновце.

За неколку дена треба да биде завршена рехабилитацијата на локалниот пат Вратница – Беловиште, односно негово асфалтирање во должина 1450 метри, како и поставувањето на бекатон плочки во должина од 740 метри на патот од Беловиште до регионалниот пат Тетово-Јажинце. Активностите започнаа на почетокот на март, но поради пандемијата со коронавирусот одреден период беа запрени, информира градоначалникот на општина Јегуновце, Дарко Блажевски.

Градоначалникот Блажевски вели дека ќе бидат продолжени и активностите за изградба на спортска сала во дворот на ОУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце, а планиран е проект за изградба на Културен дом во ова населено место.