Продолжуваат градежните активности за изградба на конак во состав на манастирскиот комплекс во Лешок


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Објектот на новиот конак во состав на Лешочкиот манастир се гради кај влезот во комплексот, на местото каде порано беа помошни простории и остава од манастирот. И покрај кризата со пандемијата активностите продолжуваат.

Објектот ќе претставува западно крило на конакот и ќе има 750 квадратни метри на два ката.

Инаку во изминатиот период започнаа да се реализираат проекти за заштита на манастирскиот комплекс во Лешок, како конструктивно зајакнување на стариот конак и делумна реставрација на црквата „Пресвета Богородица“.