Продолжуваат препукувањата во гостиварското образование

Не стивнуваат бранувањата во гостиварското образование. На прес конференција, денес излегоа новоименуваните директори на училиштата, кои беа обвинети дека не поседуваат лиценци за овие функции, а во училиштата се губеле часови.

Велат дека на функциите се законски поставени, а ги отфрлија обвинувањата дека учениците губели по неколку часа.

-Ние имаме лиценци за овие функции, а исто така имаме и сертификати за англиски, овие обвинувања се неосновани, како и обвинувањата дека децата губат часови, рече Мирсат Исеини директор на Гостиварска гимназија.

Вчера разрешените директори на училиштата, реагираа дека градоначалникот Таравари, незаконски ги отстранил од функциите.

За Тараварии пак, ова е нов обид на централната власт, по трет да му ги одземе ингеренциите во образованието.

Министерството за образование до сега во два наврати ги одземаше надлежностите на Општина Гостивар, во делот на именување и разрешување директори, со образложение дека во таквите процедури се постапувало спротивно на законите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!