Продолжува блокадата на Русино

За дополнителни 10 дена е продолжена блокадата на депонијата Русино. Се пропуштаат само камионите на гостиварското комунално претпријатие, додека за останатите возила од другите полошки општини продолжува забраната за депонирање на сметот. За решавањето на овој проблем се очекува да се разговара на состанок на кој би присустувале претставници од 9-те полошки општини.

Блокадата за депонирање на смет на депонијата Русино за комуналните возила на полошките општини, освен гостиварската, продложува и следните 10 дена. Членовите на Граѓанската иницијатива „Стоп Русино! Чист воздух за Гостивар!“ остануваат на рампата се додека не се исполнат нивните барања. Тие се едногласни дека депонијата мора да се дислоцира. Потенцираат дека ѓубриштето е проблем за сите полошки општини.

На вчерашниот состанок на гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари, со претставници на Иницијативата, било договорено да се свика средба со сите градоначалниците на полошки општини. Во меѓувреме локалната самоуправа треба да постави и видео надзор на депонијата.

На депонијата во тек се активности за затрупување на ѓубрето и во моментов нема активни пожари, така што граѓаните на Гостивар деновиве дишат почист воздух за разлика од предходно, кога на Русино гореше најразличен отпад.  Екопогистите постојано алармираат дека со депонијата без стандарди освен загадувањето на животната средина, загрозено и е здравјето на граѓаните.

error: Content is protected !!