Продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење матични книги

Вработените во Управата за водење матични книги веќе петти ден штрајкуваат. Доаѓаат на работното место, но ги примаат само граѓаните на кои им е потребен документ за итни ситуации. Претседателот на Независниот синдикат, Тони Милошевски, денес од Тетово порача дека и покрај притисоците кои ги имаат штрајкот ќе продолжи.

Независниот синдикат на Управата бара донесување на колективен договор на ниво на работодавач и линеарно покачување на платите. Милошески вели дека само еднаш биле повикани на преговори во ресорното Министерство.

Инаку во Управата за водење матични книги вработени се 500 лица.

Данијела Билбилоска