Пролетни регионални спортски игри
Тетово денес беше домаќин на Пролетните регионални спортски игри за ученици со посебни способности во организација на Федерацијата на училишен спорт. Учесниците доаѓаат од училишта специјализирани за работа со деца со посебни потреби. Пролетните регионални спортски игри за ученици со посебни способности се одржаа во ОУ Андреа Савески Ќиќиш – Тетово.