Промовирана книгата “Бушава азбука на музиката” на авторката Соња Андонов

Зборот кој беше најупотребуван изминативе две години, КОРОНА,  во музиката има сосем друго значење, односно тоа е знак кој го продолжува траењето на нотата. Токму од овој збор започнува и создавањето на книгата “Бушава азбука на музиката” на авторката Соња Андонов од Тетово, чија промоција се одржа синоќа во Домот за култура  “Кочо Рацин” во Скопје. Повеќе за ова дело дознаваме од авторката, која приказните и избраните композиции ги подарува како “лек” за зачувување на менталното здравје во време на пандемија.

Данијела Билбилоска