Промовирана книгата „Вратничка крваа свадба“ во Вратница

Изминатава сабота во тетовска Вратница беше промовирана книгата „Вратничка крваа свадба“. Станува збор за историска драма во која е опишан трагичен настан кога во селото пред 80 години биле погубени 13 младинци, меѓу кој и Симче Настоски, на два дена пред да прави свадба. Делото го потпишуваат вратничаните Стево Томоски и Душко Синадиноски.

„Вратничка крваа свадба“ е насловот на книгата, чија промоција се одржа изминатава сабота во тетовска Вратница. Книгата ја потпишуваат авторите Стево Томоски и Душан Синадиноски. Имено содржината во делото е историска драма во која е опишан трагичниот настан кога во селото од страна на фашистичкиот окупатор во далечната 1943 година биле стрелани 13 младинци, меѓу кои и вратничанецот Симче Настоски, кој бил убиен два дена пред да прави свадба.

Промотор на книгата беше историчарот Бранислав Светозаревиќ. Тој книгата е оцени како мошне исклучителна и истакна дека преку неа читателите ќе можат да се приближат кон духот на селото Вратница.  

Промоцијата на книгата „Вратничка крваа свадба“ се одржа во основното училиште во Вратница кое го носи името на трагично загинатиот Симче Настоски.  

Ивана Серафимовска