Промовирана книгата „Дипломатија и меѓународно право“ од полковникот и професор Зоран Јовановски

„Дипломатија и меѓународно право“ е насловот на книгата напишана од полковникот и професор на Воената академија, Зоран Јовановски, чија промоција се одржа вчера во Домот на АРМ во Скопје.  Јовановски пред нашата камера истакна дека книгата обработува мошне важна тематика, а неговата цел е преку книгата да поттикне иницијативи за развој на дипломатските односи и меѓународното право.

Јовановски на книгата работел околу 2 и пол години, а истата е наменета за студентите по право и безбедност.

Проф. д-р Зоран Јовановски е роден во Тетово. Работел на повеќе позиции во воената служба за безбедност и разузнавање. Раководител е на катедрата за општествени науки при Воената академија. Има  објавено и публикувано повеќе  трудови  во земјава и во меѓународни списанија.

Ивана Серафимовска