Промовирана 19-тата генерација апсолвенти на УЈИЕ во Тетово
Со традиционално и спектакуларно фрлање на капите денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, беше промовирана 19-тата генерација на апсолвенти. На церемонијата присуствуваа родителите и роднините на апсолвентите, професорите и други гости меѓу кои и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, кој во своето обраќање упати честитки до апсолвентите.
Обраќање пред апсолвентите имаше и ректорот на Универзитетот, Абдулменаф Беџети.
Церемонијата на промоција на апсолвенти на УЈИЕ во Тетово, која секогаш е по примерот на европските и светски универзитети, вклучуваше и забавен дел со музика. На денешната промоција на 19-тата генерација на апсолвенти на сите дипломци им беа доделени соодветни сертификати.
Ивана Серафимовска