Промовирано делото „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име” на Бранислав Светозаревиќ-Покорни
Книгата „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име” (документи и анализи) од тетовскиот историчар и публицист Бранислав Светозаревиќ-Покорни беше промовирана синоќа во Тетово. Делото претставува научен труд со комбинација на извори и анализи.
„Ова е дело е значајно за македонската историографија и претставува еден вид платформа за некои суштински прашања во историјата“, рече еден од промоторите проф. д-р Наташа Котлар.
Промотори на делото беа и проф.д-р Митко Панов и проф. д-р Теон Џинго, а на прмоцијата се обрати и рецензентот Стојко Стојков.
Даниејла Билбилоска