Промовиран проектот „Снабдување на општина Тетово со полуподземни контејнери и две специјални возила“.

Општина Тетово промовираше проект „Снабдување на општина Тетово со полуподземни контејнери и две специјални возила“. Одлуката за поставувањето на оваа опрема е донесена од Советот, додека на 30 јуни било направено примопредавање, по што се ставени и во функција. Дополнително во градот ќе бидат поставени и нови 100 контејнери, донација од турска општина.

Според градоначалникот Биљал Касами, целта е градот да го врати сјајот и чистотата.

Јавното комунално претпријатие се соочува со финансиски потешкотии. Касами вели дека најголем дел од наплатата е за заостанати сметки, додека уплатата за сметките за последниот месец е едвај 30 %.

Касами повика граѓаните навремено да ги подмируваат давачките кон ЈКП Тетово, за услугите да бидат реализирани навремено и квалитетно. 

ДБ