Промоција на дигитална платформа на „Стартап Македонија“ на УЈИЕ

Хибриден караван и активна дебата за дигиталната екосистем платформа во организација на „Стартап Македонија“. На ваквиот настан денес беа собрани на едно место сите компании кои се дел од Технолошкиот парк при Универзитетот на Југоисточна Европа – нивна задача беше претставување на можностите коишто ги нуди дигиталната платформа на „Стартап Македонија“. Програмскиот директор на „Стартап Македонија“ објасни што добиваат сите стартапи од дигиталната платформа.

Уникатните услуги на технолошкиот парк при Универзитетот на Југоисточна Европа веќе ги има поставено на платформата.

„Стартап Македонија“ е организација која што го поврзува целиот дигитален еко систем, а нејзина цел е поврзување на сите ресурси и иницијативи во земјава за да им помогне на стартапите како едни од двигателите на економијата.