Промоција на три книги од Силвана Крстовска
Писателката Силвана Крстовска, вчера во Тетово, свечено ги промовираше нејзините три книги: „Кој живее во нашите шуми, ти детенце сега думи“, „Мириса на детство“ и „ Љубов, надеж, вера“. Две од книгите се поезија, а една е во прозен стил. Промотери на книгата беа нејзините колешки по перо, Десанка Николова и Елеонора Николовска, додека пак за музичкиот дел беше задолжен младиот гитарист од Тетово, Филип Поткоњак.
Инаку, Крстовска на пошироката македонска јавност и стана позната пред околу 15 години кога се појави на фолк-сцената, настапувајќи на повеќе фолк-фестивали во Македонија.
Ивана Серафимовска