Проодни се патиштата по првиот снег


Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5062

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4778

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Чисти и проодни се патиштата во Тетово и околината. Не е попречен сообраќајот, а од општината велат дека издаден бил налог дофирмата која се грижи за одржување на патиштата веднаш да започне со чистење на снегот.

„Првично во планинските села како с.Ѓермо , Лавце , Селце и Вејце , а исто така се интервенираше во текот на ноќта и на патот до Попова Шапка, вклучувајќи ги и селата Расадиште, Гајре, Лисец но и во  селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце. Се интервенираше со расчистување на снегот со механизација но и до и фрлање сол и песок по патиштата. Со механизација се работеше во текот на целата ноќ, а во раните утрински часови се прејде на расчистување на улиците низ градот така што во моментов имаме стабилна состојба на патиштата низ планинските села но и во градот каде сообраќајот се реализира стабилно и непречено“, изјави Снежана Новаковска од општина Тетово.

Од Македонија Пат следи информацијата дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат патните правци проодни. Во текот на денот слаб снег се уште провејува на Попова Шапка, а од Македонија Пат апелираат возачите да ја прилагодуваат брзината според условите на патот и внимателно да возат.