Прослава во Тетово по повод 30 години партнерство на УСАИД со Македонија
30 години од партнерството на УСАИД со Северна Македонија, веравечер со свечен настан беа одбележани во Тетово. Прославата по повод 30-годишнината започна со поздравно обраќање до присутните од страна на вршителот на должност амбасадор на САД, Ерик Мејер, продолжи, пак, со мотивациски говор на тема партнерството е сила – создаваме подобра иднина. Во состав на одбележувањето беше организирана модна ревија насловена како „Рециклирана убавина“ со учениците на средното стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“ под менторство на модната дизајнерка Ирина Тошева. Атмосферата на настанот беше збогатена и со концерт на џез-бендот на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
30-годишното партнерство помеѓу САД и Република Северна Македонија, меѓудругото е изразено преку соработката за зајакнување на економската конкурентност, намалена корупција и зголемен придонес на младите во општеството.
Ивана Серафимовска