Прослава на Бадник без огнови и маскенбал
Православните верници денес го слават Бадник. Утрово света литургија беше отслужена во Соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово.
По повод Бадник, предгласот за Христовото раѓање, во Соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, стета литургија отслужи Неговото високопреосвештенство Митрополитот тетовско – гостиварски Господин Јосиф, во сослужение на свештенослужители од тетовското архиерејско намесништво.
Поради пандемијата празникот годинава верниците ќе го прослават во кругот на најблиските со посна трпеза, без досегашните собири и палење огнови.
Годинава ќе изостане и познатиот тетовски маскенбал, а за да се почитуваат препораките истиот може да се одржи и виртуелно, вели Дарко Гавровски, кој со години на социјалните мрежи објавува слики на маскирани граѓани.
Наместо бадниковата поворка, пак, беа поставени две пештери во градот во кои е изобразено Рождеството Христово, на кои со почитување на мерките дечињата оставаа креативни честитки со молитви кои Господ Исус Христос.