Протестно дефиле во Гостивар за дислокација на депонијата Русино

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Гостиварци го кренаа гласот против загадувањето од депонијата Русино. Граѓанската иницијатива „Стоп Русино-чист воздух за Гостивар“ вчера организираше протестно дефиле по градските улици, се до депонијата. Еко активистите порачаа дека горењето на отпадот итно треба да се спречи и побараа дислокација на Русино.

„Русино не е депонија. Русино е само место каде се складира секаков вид отпад. Русино постојано гори и ние се сомневаме дека отпадот се пали бидејќи по дваесет години користење, капацитетот е веќе исполнет. Состојбата е поразителна и еколошки недозволива и штетна за здравјето на гостиварци.“, рече Валентина Штерјоска од граѓанската иницијатива.

Русино е одредена како регионална депонија за Полог, а нејзиното стандардизирање треба да отпочне во рамки на проектот „Управување со цврст отпад во Полошкиот регион“  Менаџирањето со депонијата ќе го преземе регионално претпријатие. Но, процедурите се стопирани заради изборите.

„Процедурата е отпочната, општините треба да изберат свои претставници за во управниот и надзорниот одбор. Поради изборите сега законски не е дозволено да се именуваат лица во одбори, но веднаш штом завршат изборите ќе продолжи процедурата“, вели Славчо Костоски, одговорен во единицата за управување со проектот.

Додека се одолговлекуваат формалните процедури, отпадот на Русино речиси секојдневно гори, а чадот и миризбата се шират низ целиот град и околината. Депонијата останува еколошки проблем број еден за Гостивар.

Материалы по теме:

Во Гостивар ќе се прават брзи ковид тестови
Неделава ќе започне тестирањето за коронавирус со брзи антигентски тестови во Гостивар. Тестирањето ќе го врши обучен тим од лабораторијата на Здравствениот дом, а ...
Здравствен дом Гостивар доби донација современо Амбулантско возило
Здравствениот дом во Гостивар се поднови со модерно опремено Амбулантно возило, кое преку грант одМинистерството за надворешни работи на Германија, го обезбеди невладината "Европски ...
Седница Гостивар: ДУИ и Алијанса се контрираа за трошењето на јавните пари
Денешната седница на Советот на Општина Гостивар помина во знакот на контрирање меѓу опозициската ДУИ и Алијанса за Албанците, која го има советничкото мнозинство. ...
Нови три случаи на корона во Гостивар и еден во Општина Врапчиште
Поголема внимателност и почитување на мерките на заштита од корона во текот на изборната кампања и во пресрет на доаѓањето на иселениците. Ваква препорака ...
Настани во Гостивар што ја одбележаа 2020-та година
Еве ја, новата, чиста 2021-ва година. Нов ден, нова нафака, вели поговорката. Така нека биде и со новата година, посакуваме ние. Оти таа, што ...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *