Протест за побезбедни улици за пешаците


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Тетовци излегоа на протест за побезбедни улици за пешаците. Жителите кои живеат во близина на булеварот Индустриска, велат на оваа улица се вози многу брзо, а нема и соодветна сообраќајна сигнализација. Бараат поскоро решавање на проблемот, за да нема повеќе жртви во сообраќајни незгоди.

Само на оваа улица, булеварот Индустриска во Тетово, минатата година во вкупно 50 сообраќајни незгоди се повредени 14 пешаци и еден велосипедист.

Последната жртва, 6-годишно девојче, кое загина пред неколку дена, ја прели чашата за жителите на околните населби. Тие денес излегоа на заеднички протест. Велат дека тука се вози многу брзо, а нема и соодветна сообраќајна сигнализација. Постои голема опасност и за учениците од основното училиште во близина.

Демонстрантите апелираа до возачите да возат повнимателно, а до надлежните упатија неколку барања.

„1. Поставете грпки на патот. 2. Физичко делење на целиот индустриски пат и оставање простор за премин од едната и другата страна само преку постојните премини. 3. Со подигнување на пешачки премини на повисоко ниво од асфалтот, со вертикална и хоризонтална сигнализација, како и со нивно осветлување во текот на ноќта. 4. Прашањето за надвозник на Основното училиште „Кирил и Методиј“ треба да го разгледаат надлежните органи“, истакна Енис Хајрулаи од организацискиот одбор.                                                 

Жителите кои денес излегоа на улица велат дека нема да се откажат од нивните барања. На надлежните им даваат рок од 2 недели да излезат со конкретни стратегии за регулирање на ова прашање, во спротивно повторно ќе излезат на протест.