Протест и контра протест за извор со вода на Шар Планина

.Протест и контра протест за извор со вода на Шар ПланинаОткако веќе втор ден жителите од Синичане протестираа затоа што полицијата не им дозволува да градат водоснабдителен систем кај изворот Буновце, денеска мештаните од соседнот слео Урвич со контра протест излего да го бранат овој извор кој според нив треба да биде наменет за нивното село.

Мештаните на Урвич бараат заштита од државните институции за нивната безбедност како и да остане изворот Буновец за водоснабдување на нивното село. Тие денеска излегоа на контра протест откако веќе втор дена градоначалникот на Боговиње Албон Џемаили и жителите од село Синичани протестираа затоа што полицијата не дозволува да се гради водоснабдителен систем кој ќе биде поврзан со изворот Буновец Синичане.

Веќе неколку дена полицајци се на самото место и не дозволуваат конфликт меѓу мештаните од двете села, откако општина Боговиње имаше намера да започне со градба на водоснабдителниот систем

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, денес истакна дека полицијата е таму поради оперативни сознанија и со намера да не дозволи нарушување на јавниот ред и мир.

-До обвинителство во Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело бесправно градење. На местото има полициски службеници во функција на обезбедување на јавен ред и мир. Нашата задача е да бидат преземени сите законски мерки со цел да се спречи нарушување на јавен ред и мир. За да не дојде до несакани настани тоа ќе го правиме се додека постои постои безбедноста проценка за сериозно нарушување на јавен ред и мир. Околу соработка и координација со Обвинителство соработуваме за сите случаи и за овој предмет. Ние како институција сме задолжени за јавен ред и мир и имаме пријави од мештаните од околните села за можност за серизно нарушување на јавен ред и мир. Полицијата е сервис на сите граѓани и затоа таму има полициски службеници бидејќи сме должни да постапиме. Дали и каде ќе се гради водовод немаме инегернции туку други институции и тие ќе одлучуваат за тоа, истакна Ангеловски.

Жителите на Синичане заедно со градоначалникот ноќта ја поминаа кај месноста Буновец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!