Протест на вработените во Управата за водење на матични книги

И по шестнеделен штрајк вработените во Управата за водење на матични книги се жалат дека Владата нема слух за нивните барања. На прес конференција денес од Тетово информираа дека се уште се соочуваат со притисоци, а поради најавите за кратење на платите, велат дека нема да работат дури и на склучување на веќе закажаните бракови. Најавуваат радикализирање на штрајкот.