Протест на сточари од полошкиот регион поради неисплатени субвенции

Deprecated: WP_Query was called with an argument that is deprecated since version 3.1.0! caller_get_posts is deprecated. Use ignore_sticky_posts instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 5061

Notice: Undefined variable: arkrp in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 435

Deprecated: ark_content_rss is deprecated since version 2.9! Use the_content_feed instead. in /home/kissmenada/public_html/wp-includes/functions.php on line 4777

Notice: Undefined variable: excerpt in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 521

Сточари од Полог, како и од кичевскиот и дебарскиот регион,  излегоа на мирен протест да го искажат својот револт, поради неисплатени субвенции за добитокот за минатата година. Протестот го одржаа кај гостиварската паратина, од каде се пожалија дека се на работ на егзистенцијата и побараа државата итно да реагира. Најавија дека доколку не ја добијат финансиската поддршка од Министерството за земјоделие за неколку дена, ќе блокираат патишта и ќе ги однесат своите стада пред Владата.

„Бараме од Министерот да преземе итни мерки и за два-три дена да ги исплатат субвенциите. Во спротивно ние во четврток масовно ќе ги товариме овците и ќе ги носиме пред Влада. Што да правиме?. Имаме големи маки! Немаме каде да ги носиме овците да пасат поради снегот и ги бараме субвенциите за да обезбедиме храна. За 2020-та никој нема земено субвенции. Не знаеме веќе каде да одиме, ќе ги блокираме патиштата и тоа насекаде“, рече еден од сточарите, Меџит Усеини.

Според податоците кои беа дадени на протетсот, во регионот има над 800 регистрирани сточари, од кои најголемиот дел се одгледувачи на овци. Нивните стада вкупно бројат околу 180 илјади грла. Финансиската поддршка што треба да ја добијат по јагне е околу 1.000 денари.