Протест на учениците од Медресата Иса Бег од Тетово
Право на образование, преку протест на градскиот плоштад, побараа учениците од исламското училиште односно Медресата Иса Бег од Тетово. Нивните дипломи за завршено средно образование не им се признати од универзитетите во земјава, проблем, за којшто велат не е нов, а и веќе познат на институциите и јавноста.