Против поскапувањето на струjата – најави за протест во неколку градови

Најавата за поскапување на струјата за 7.4% предизвика низа реакции. На социјалните мрежи за утре се најавени протести во Тетово, Гостивар, Куманово, Дебар, Чаир.

Аријанит Џафери од Иницијативниот одбор во Тетово, вели протести се закажани во исто време, односно во 19 часот и со исти барања во сите градови.

„Ние, Иницијативниот совет за организирање на протестот против покачувањето на цената на електричната енергија и многу други проблеми поврзани со енергијата, ги покануваме граѓаните на Тетово и околината, да ни се придружат во четврток, 06.08.2002 година, во 19:00 часот на плоштадот Илирија, да се спротивставиме на 1) одлуката на РКЕ за зголемување на цената на електричната енергија; да реагираме на 2) монополот на услугите на компанијата ЕВН и нивното неправилно однесување кон потрошувачите; да се побара 3) распуштање на РКЕ, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорациите кои ја оштетуваат веќе оптоварената економија на граѓаните; да бараме 4) формирање на независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги“, вели Аријанит Џафери од Иницијативниот одбор.

Од Иницијативниот одбор велат дека сите учесници на најавениот протест треба да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од пандемијата Ковид 19, носење маски и почитување на физичкото растојание.

error: Content is protected !!